X
 07.03.2018 Наука

Зошто рибите не умираат кога удира гром во морето?

Никогаш не треба да користите фен во бања бидејќи може да ве убие електрошок. Па тогаш што се случува со рибите кога ќе удри гром? Зошто громовите не убиваат животни во морето?


Фото:Pixabay

Има неколку причини за тоа, но оваа е основната: громовите едноставно не удираат толку често во океанот. Во 2014 година „Журнал за геофизичко истражување“ објави мапа која прикажуваше глобални податоци за тоа каде удриле громови во последните пет години. Тие податоци беа собрани од два временски сателити и покажуваа дека над почвата има десетпати повеќе громови отколку над океаните.

Според Опсерваторијата за Земјата при НАСА, ова има смисла поради начинот на кој удира громот. Почвата апсорбира сончева светлина и се загрева побрзо отколку водата. Топлината предизвикува поголема конвекција и нестабилност во атмосферата, што за возврат предизвикува повеќе громови.

Но, громови сепак некогаш удираат и во вода. Па зошто тогаш тие не убиваат илјадници риби? Физиката го има одговорот. Како и металот, водата е добар спроводник и тоа ја поттикнува електричната струја да патува преку нејзината површина, наместо да продира надолу, исто како што Фарадеевиот кафез ја штити содржината внатре од штетни шокови. Ако рибата исплива во погрешен момент, секако дека може да биде погодена од гром. За среќа, повеќето од рибите поголемиот дел од времето го минуваат под вода. Но, луѓето не го прават тоа и затоа веднаш треба да излезете од вода ако забележите дека наскоро ќе има невреме.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука