X
 04.09.2018 Наука

Во океаните има повеќе догорчиња отколку кој било друг вид ѓубре

Догорчињата се најзастапеното ѓубре оставено од човекот во светските океани. Повеќе од 5,5 билиони цигари произведени годишно на глобално ниво содржат филтер заснован на пластика, направен од целулоза ацетат, укажува проектот за заштита на океаните од догорчиња.

На овие филтри им се потребни децении за да се распаднат откако ќе бидат фрлени во океаните. Како што се распаѓа пластиката, така хемикалиите се консумираат од страна на дивиот свет.

Според истражувачите за животна средина, научниците откриле траги од хемикалии кај 70 отсто од морските птици и околу 30 отсто од морските желки.

- Потребни се повеќе истражувања за да се утврди што точно се случува со сето тоа - вели Ник Малос, директор на кампањата за отстранување на ѓубрето од океаните.

- Конечното прашање е какво е влијанието на овие микропластики и друг отпад врз здравјето на луѓето - додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука