X
 28.11.2024 Живот

Порано започнавте со новогодишното и божиќното украсување? Еве што велат психолозите за вас

Божиќ и Нова година се едни од најочекуваните денови во годината. И бидејќи продавниците и бизнисите сакаат да ги извадат своите божиќни производи колку што е можно порано, сè поголема е веројатноста порано да ве фати празничната еуфорија.

Но, според научниците, постои одреден тип на личност што може пред време да биде „заведен“ од божиќниот дух.

Психологот д-р Кармен Хара вели дека раното украсување може да открие скриени емоции и потсвесни тенденции на однесување, вклучително и нарцисоидност.

Дури и ако технички немаат нарцисоидно нарушување на личноста, многу повеќе луѓе се егоцентрични по природа отколку што можеме да процениме, вели докторката.

- Нарцисите добиваат чувство на високо задоволство од тоа што се во центарот на вниманието, од тоа што ги фалат и им аплаудираат. Затоа има смисла овие карактерни црти да бидат исполнети со декорирање на домот така што ќе се восхитува целото соседство - вели д-р Кармен Хара.

Исто така, раното украсување може да ја пополни празнината, правејќи ги луѓето да се чувствуваат среќни кога инаку не би биле, но им дава и шанса на луѓето да се покажат.

- Некои луѓе чувствуваат потреба да ја прикријат вистината за она што се случува во нивните семејства со украси и декорации - вели д-р Хара.

Ејми Морин, психотерапевт од Флорида, вели дека украсувањето за Божиќ буди носталгија. Затоа, сентименталните луѓе можеби ќе побрзаат да украсат и да се обидат повторно да ги создадат убавите времиња од минатите божиќни празници.

- За многу луѓе, Божиќ е магично време од детството исполнето со среќни спомени. Значи, има смисла луѓето порано да сакаат да украсуваат бидејќи колку побрзо ги извадат тие украси, толку побрзо ќе можат повторно да ја доживеат таа магија. Колку порано украсуваат, толку подолго ќе траат празниците и ќе имаат повеќе време да размислуваат за среќните спомени и позитивните работи во светот - вели Морин.

Според истражување од 1989 година, божиќните и новогодишните украси внатре и надвор од домот може да направат жителите да изгледаат подружељубиви.

Британскиот психоаналитичар Стив Мекеон смета дека луѓето што рано декорираат се носталгични и сакаат да ја оживеат магијата, но тие исто така може да се обидат да компензираат за запоставувањето во минатото. Со други зборови, можно е нивните родители да не го празнувале Божиќ додека тие биле деца, па сега сакаат да го искористат максмимумот.

Извор: Daily Mail
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот