Научниците утврдија дека антарктичките ракчиња, кои се главна храна за морските цицачи, во својот дигестивен тракт микропластиката jа претвораат во нанопластика, што претставува досега неоткриена закана по животната околина. Резултатите од
истражувањата спроведени од страна на еден тим од универзитетот Грифит, предводен од Аманда Досон, објавени се во списанието „Нејчр Комуникејшнс“.
Фото: N1
Тимот првпат ја открил способноста на раковите физички да предизвикаат промена на микропластиката која ќе ја проголтаат. Микропластиката се парченца пластика помали од пет милиметра, кои се штетни за морскиот свет.
Антарктичките ракчиња се важни за околината бидејќи претставуваат храна за многу морски цицачи. Научниците предупредија дека микропластиката во океаните претставува значителен ризик за големите животни како китовите и другите животни кои ја голтаат микропластиката преку јадењето „заразени“ ракчиња. Истражувањето покажало дека ракчињата можат да ги сомелат микрочестиците на полиетиленот во наночестици.
Професорот Бенгстон Наш вели дека истражувањето открива претходно неоткриена динамика во заканата која ја претставува загадувањето со пластика. Тој додава дека тоа значи дека биолошкото разградување на микропластиката во нанопластика најверојатно е раширена во поголемиот дел од екосистемот. Според него, штетното влијание од варењето на микропластиката мора дополнително да се проучи за да се опфати и потенцијалното влијание на нанопластиката над клетките.
Голем број студии од областа на екологијата на морето посочуваат на егзистенцијалната закана која ја претставуваат милионите тони пластичен отпад кој секоја година завршува во океаните. Организацијата на Обединетите Нации за океани тоа го нарече планетарна криза во моментот додека се проценува дека производството на пластиката глобално ќе продолже да расте.