X
 29.12.2023 Живот

Земји во ЕУ во кои веќе се применува четиридневна работна недела

Многу се зборува за идејата за четиридневна работна недела и нејзините поволности. Некои европски земји ја тестираат, а многу компании веќе ја практикуваат. Во продолжение се земји во ЕУ кои водат во поглед на балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот и каде што компаниите започнуваат да применуваат четиридневна работна недела.

Белгија

Минатата година во Белгија беше донесен закон со кој минималниот број на денови што треба да се работи се намали на четири. Според податоците, вработените го користат овој закон и работат повеќе часови во текот на денот за да имаат дополнителен слободен ден во неделата.

Исланд

Се проценува дека речиси 90 отсто од вработените на Исланд ги намалиле работните часови за да имаат четиридневна работна недела. Во оваа земја се одржа најдолгото тестирање на оваа практика од 2015 и 2019 година.

Франција

Практиката да се има четиридневна работна недела станува сѐ почеста во Франција. Франција има закон за 35-часовна работна недела повеќе од две децении. Министерството за труд проценува дека околу 10.000 вработени веќе работат само четири дена во неделата.

Литванија

Родителите на мали деца може да работат само 32 часа неделно, а мнозинството од жителите сакаат да имаат четиридневна работна недела, според анкета.

Данска и Холандија

Овие две земји немаат закон за четиридневна работна недела, но работниците таму работат помалку од работниците во другите земји. Просечната работна недела во Холандија е долга 29 часа. Во Данска работниците мора да работат барем 33 часа во неделата, што е помалку од стандардните 40 часа.

Германија, Шпанија и Португалија

Овие три земји сѐ уште спроведуваат тестирање на четиридневната работна недела. Шпанија веќе се согласи да го намали работното време во следните три години. Во Германија просечната работна недела трае 34,2 часа, а мнозинството сака да биде воведена четиридневна работна недела.

Португалија тестира четиридневна работна недела во која се вклучени 39 компании. Мнозинството од работниците во Португалија работат над 40 часа неделно во моментов.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот