Дали некогаш сте се запрашале зошто жените се поостроумни на старост многу повеќе отколку мажите? Одговорот е откриен преку истражување што покажува дека времето влијае различно врз мозокот на мажите и на жените.
Истражување спроведено од училиште за медицина на Универзитетот „Вашингтон“ во Св. Луис покажува дека иако мозокот се намалува низ годините, кај мажите се намалува побрзо за разлика отколку кај жените. Истото важи и за метаболизмот на мозокот - и тој се разликува прилично многу кај мажите и жените.
Истражувањето открива дека женските мозоци се околу три години помлади од мозоците на мажите кога се на иста возраст. Наодите укажуваат на тоа зошто жените имаат тенденција да бидат ментално „поостри“ подолго од мажите.
- Сега почнуваме да сфаќаме како различните фактори поврзани со полот можат да влијаат врз траекторијата на стареењето на мозокот и како тоа може да влијае врз ранливоста на мозокот на невродегенеративни болести - вели професор Ману Гојал, еден од авторите на истражувањето.
Тој вели дека метаболизмот на мозокот може да им помогне на истражувачите да разберат некои од разликите што можат да се уочат меѓу мажите и жените како што тие стареат. Тој додаде дека мозокот работи на шеќер, но начинот како мозокот го користи шеќерот се менува како што луѓето растат и стареат.
- Бебињата и децата користат дел од нивното гориво за мозокот во процес наречен аеробна гликоза што го одржува развојот на мозокот и созревањето. Остатокот од шеќерот се согорува при секојдневните задачи, како што се размислувањето и други активности - вели тој.
Кај адолесцентите и младите возрасни значителен дел од шеќерот во мозокот е посветен на аеробна гликолиза, но фракцијата постепено се намалува со возраста, достигнувајќи ниски количини кога луѓето ќе влезат во нивните 60-ти години.
Гојал вели дека истражувачите малку знаат за тоа како метаболизмот на мозокот се разликува меѓу мажите и жените. Затоа, тој и неговите колеги, професор Маркус Рајчл и професор Андреј Власенко, испитале 205 луѓе за да дознаат како нивните мозоци користеле шеќер.
121 жена и 84 мажи биле учесници во истражувањето, на возраст меѓу 20 и 82 години. Им биле правени PET-скенови за да се измери протокот на кислород и гликоза во нивниот мозок.
- За секое лице утврдивме дел од шеќерот посветен на аеробна гликолиза во различни региони на мозокот. Употребивме алгоритам за да ја пронајде врската помеѓу возраста и метаболизмот на мозокот, преку хранење со податоци за возраста на мажите и метаболизмот на мозокот - вели Гојал.
Потоа тимот ги ставил податоците во алгоритамот и ја насочил програмата да ја пресмета возраста на мозокот на секоја жена од метаболизмот. Тие откриле дека алгоритамот открил возраст на мозок во просек 3,8 години помлада од хронолошката возраст на жените.
Истото го примениле и кај мажите. Овој пат алгоритамот открил дека мозокот на мажите бил за 2,4 години постар од нивната вистинска возраст.
- Просечната разлика во пресметаната старост на мозокот помеѓу мажите и жените е значајна и репродуктивна, но е само дел од разликата помеѓу кои било двајца поединци - вели Гојал, додавајќи дека ова е најсилна полова разлика досега.
Тој вели дека релативната младост на женскиот мозок е забележлива дури и кај најмладите учесници, кои биле во нивните 20-ти години.
- Ова не значи дека мозокот на мажите старее побрзо - тие почнуваат да созреваат три години подоцна од жените, и ова трае низ цел живот. Не знаеме што точно значи ова. Мислам дека би можело да значи дека причината зошто жените не доживуваат когнитивен пад во подоцнежните години е затоа што нивниот мозок е доста помлад. Во моментов работиме на истражување за да го потврдиме тоа - вели Гојал.
Истражувањето покажува дека постарите жени можат да постигнат подобри резултати од мажите на иста возраст на тестовите за резонирање, меморија и решавање проблеми.