X
 21.01.2015 Наука

Мистериозни вселенски радио бранови забележани во реално време за првпат

Штотуку била забележана огромна кратка експлозија од радио бранови кои поминуваат низ вселената. Луѓето за првпат досега успеваат да ги забележат брановите истовремено додека тие се појавиле.


Досега биле слушани овие мистериозни радио бранови, но подоцна. За нив знаеме само од историските архиви. Овојпат, радио брановите биле забележани од тим научници од универзитетот „Свинбурн“ во Мелбурн, Австралија.

Експлозијата од бранови траела околу една милисекунда, но испуштила енергија колку што сонцето испушта за милион години. Ух!

Изворот на радио брановите е мистерија, но што и да ги предизвикало мора да било „огромно, катаклизмично и оддалечено до 5,5 милијарди светлосни години“, според истражувачката Емили Петроф, која зборувала со „New scientist“.

Тие може да бидат испуштени од голема магнетизирана неутронска ѕвезда, од колапс на преголема неутронска ѕвезда или некоја комбинација. Од нивното прво откривање во 2007 година, биле забележани 9 вакви експлозии од радио бранови. Но, сите од нив досега биле откриени во веќе снимени податоци стари недели или години.

Снимките биле направени од телескопот „Паркс“ во Австралија. Кога биле забележани брановите, сите телескопи на светот се фокусирале кон местото, но ниеден не забележал остатоци.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука