Фото: Tufts University
Развиен е нов сензор што може да го следи она што го јадете. Малите сензори, со големина 2 на 2 милиметри, биле создадени од истражувачи од факултетите за инженерство во Тафтс. Сензорите се монтираат директно на забот и доставуваат информации за солта, гликозата и консумирањето на алкохолот. Најдобро од сè е што ова следење се случува во реално време.
Не само што сензорите се помали и помалку обемни од претходните сензори од ист вид, туку и можат да пренесуваат податоци безжично благодарение на радиофреквентната технологија. Сензорот е составен од три комбинирани слоеви што заедно ги исклучуваат, рефлектираат и подоцна ги пренесуваат податоците што ги собираат. Внатрешниот централен слој дејствува како средство што ги зема хемикалиите и хранливите материи што доаѓаат во контакт со сензорот, додека другите два слоја што се насочени нанадвор - во форма на пар квадратни златни прстени, ја менуваат бојата како одговор на спектарот на радиофреквенциски бранови што ја рефлектираат храната во устата.
Резултатот е сеопфатна генерација на податоци од интелигентен сензор што сè гледа и сè знае.
Иако ова не е прв сензор за заби од овој вид, сепак, нуди најширока визија за следење и одржување на целокупното здравје, во споредба со претходната
технологија.