X
 05.10.2024 Живот

Кога „Мерцедес“ го направил својот најдобар модел, западнал во сериозни финансиски проблеми поради него

„Мерцедес“, гигант во автомобилската индустрија, имаше финансиски проблеми во 1980 година поради ниската продажба на резервни делови за еден од неговите најпопуларни модели.

Познат по својата издржливост, „мерцедес бенц W123“ е еден од најдобрите автомобили некогаш произведени. Овој „неуништлив“ автомобил, кој често поминуваше повеќе од милион километри, сопствениците го фалеле за неговата издржливост.

Одржувањето на овој модел било многу евтино бидејќи била потребна само редовна замена на потрошен материјал. Ова станало голем проблем за „Мерцедес“.

Поради исклучителната издржливост на „W123“, продажбата на резервни делови била толку мала, што компанијата западнала во финансиски проблеми. Автомобилот можел да помине 800.000 километри пред да се случи првиот голем дефект, поради што важел за еден од најиздржливите автомобили некогаш направени.

Многумина сметаат дека „W123“ е најдобар и најпрепознатлив модел на „Мерцедес“. Бил базиран на „W116 S-Class“, а неговиот дизајн оставил голема трага во автомобилската индустрија.

Познат е по својата неверојатна издржливост и безбедност. Дизел-моделот 220 и бензинецот 250 биле отстранети од производство, додека другите мотори биле надградени. „W123“ поставил рекорд со продажба на неверојатни 3 милиони примероци, а во рамките на оваа серија „Мерцедес“ ја претставил и својата популарна „вагон“ верзија.

„W123“ стана симбол на такси-автомобили низ светот благодарение на неговата издржливост и сигурност.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот