X
 29.03.2018 Живот

Работни места што не можат да ги преземат роботите

робот
Фото: Depositphotos

Како што автоматизацијата на работните места станува реалност, така роботите повеќе не се само дел од научнофантастичен филм или од параноичните теоретичари на заговор.

Како „робокалипсата“ ќе влијае врз вашата кариера?

Универзитетот во Малме специјализира во образованието што промовира одржлива иднина и праведно општество. Со силен фокус на иновациите, универзитетот ги подготвува студентите за пазарот на трудот што постојано се менува.

Ова се шесте работни места во кои роботите не би можеле да ги заменат луѓето.

1. Криминолог


Разбирањето зошто луѓето вршат кривични дела бара една клучна вештина што роботите ја немаат, особено затоа што само луѓето можат да ги разберат однесувањата и реакциите на другите луѓе.

Сфаќањето на криминалната активност значи сфаќање на комплексноста на социјалните фактори, како расата, полот, класата, менталното здравје и употребата на супстанции за да се види како тие ги обликуваат животите и искуствата на сторителите. Според истражување од „Оксфорд“, работните места за кои е потребна ваква социјална перцепција имаат низок ризик од автоматизација.

2. Спортски тренер

Кариери што бараат вештини за инспирација и негување, како што е професијата тренер, се меѓу професиите во кои не би можеле да навлезат роботите. Кога станува збор за обезбедување тренинг и насока, луѓето едноставно ги избираат луѓето за нивни водичи.

Спортските тренери чија работа вклучува охрабрување на клиентот да ги исполни своите цели веројатно нема да можат да бидат заменети од роботите. Можеби роботите знаат да работат добро како судии, меѓутоа, кога станува збор за поттикнување на мотивацијата кај луѓето, самиот човек е најдобар во тоа.

3. Биомедицински инженер

Можеби мислите дека која било професија што вклучува инженеринг би била подложена на автоматизација, но биомедицинските инженери имаат предност во однос на инфилтрацијата на роботите. Како прво, биомедицинскиот инженеринг вклучува иновации, смислување нови начини за употреба на технологијата за подобрување на здравјето на луѓето.

Можеби роботите ќе ви покажат во која насока треба да се движите, но тие немаат морален компас - нешто што е важно за решавање на етичките дилеми во здравството.

4. Работник за поддршка на бегалците

Ако постои едно нешто што роботите не би можеле да го имаат, тоа е емпатијата. Поради тоа, работните места на овие луѓе се безбедни бидејќи роботите никогаш нема да поседуваат емоционална интелигенција.

Обезбедувањето поддршка за маргинализираното и ранливото население, како што се бегалците, е една од професиите во кои емпатијата е клучот.

5. Дипломат

Успешен дипломат има талент за преговори и убедувања - ова се важни квалитети што роботите никогаш нема да ги имаат.

6. Дизајнер на интеракции


Интересно, дизајнот на интеракции е професија што е поврзана со човештвото и идните технологии. Дизајнот на интеракции често е поврзан со создавање производи, што се базира на однесувањето на човекот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот