X
 27.11.2019 Живот

Чудни професии што ќе постојат во иднина

Освен ако роботите не нè соборат во блиска иднина, луѓето ќе продолжат да осмислуваат нови идеи - за возврат, ќе се создадат нови работни професии и можности за кариера.

„Canadian Scholarship Trust Plan“ и стратези за предвидување создадоа описи на професии кои најверојатно ќе бидат достапни во 2030 година. Со напредувањето на технологијата во ова темпо, погледот кон иднината дава фасцинантен увид за тоа со што ќе се занимаваме и ние и нашите деца во иднина.

1. Носталгичар

Носталгичарите се дизајнери на ентериер кои ќе имаат задача да им помогнат на постарите богати луѓе да дизајнираат простории што ќе ги рефлектираат нивните омилени децении. Тоа значи повторно создавање на дневна соба од 80-тите или кујна од 50-тите години. Со тоа носталгичарите ќе помогнат за повторно создавање на спомените на нивните клиенти.

Тимот ќе има терапевт, историски истражувач и дизајнер на ентериер.

2. Телехирург

Телехирургијата (позната и како далечинска хирургија) им овозможува на обучените хирурзи да работат на пациенти користејќи роботски раце, контролор и сензорен систем кој обезбедува повратна информација за своите корисници. Овој концепт веќе почна да се практикува.


Овие хирурзи ќе специјализираат во извршување операции на пациенти на подалечни локации. Како дополнување на степенот на медицина, овие хирурзи ќе имаат познавање за роботиката и телекомуникациската технологија.

3. Ресоздавач на околината

Работата на овие луѓе ќе биде да ја намалат штетата што луѓето ја предизвикуваат врз околината. Ова значи уривање огради и патишта и нивна замена со шуми и природно зеленило.

Луѓето заинтересирани за животната средина, земјоделството и науката за природата ќе одговараат за оваа кариера.

4. Дизајнер на ѓубре

Овие дизајнери ќе ја усовршат уметноста на „апсајклинг“. Овој вид рециклирање е начин да се искористи ѓубрето и да се создадат нови, поквалитетни предмети.

Барањата за оваа работа ќе вклучуваат познавање на материјалите и инженерство, како и познавање на индустриски дизајн.

5. Експерт за едноставност

Овие експерти ќе пронаоѓаат начини за да им помогнат на бизнисите да се насочат и да ги поедностават нивните операции во текот на денот. Тие ќе треба да направат тридневна работа да се извршува во половина час, или 15 административни чекори да ги сведат на три.

Луѓето што се добри со математика и имаат око за дизајн ќе бидат одлични за оваа работа.

6. Здравствен навигатор

Тешко е пациентите и нивните семејства да го разберат комплексниот здравствен систем. Со помош на здравствениот навигатор пациентите ќе имаат подобар пристап до информациите што им се потребни.

Овие навигатори ќе имаат одговор на прашања без разлика на постапките и документите, а исто така ќе им помагаат на семејствата да се справат со стресот од болеста.

Навигаторите ќе треба да имаат познавања како специјалист и чувствителнотст како социјален работник.

7. Терапевт за крај на животот

Како што се зголемува животниот век, така планирањето на последните фази од животот ќе стане стандардна практика. Терапевтите за крај на животот ќе дејствуваат како водичи за планирање на годините пред смртта на клиентот.

За оваа професија ќе биде потребно познавање на социјалната работа, здравството и психологија.

8. Дизајнер на „игрофикација“

Овие дизајнери ќе имаат големо познавање за човековата мотивација и однесувањето во игрите. Тие ќе научат да го преведат дизајнот на игрите во вистински животни искуства.

9. Советник за робот

Бидејќи роботите почнаа да имаат голема улога во нашите животи, богатите луѓе ќе имаат роботи што ќе дејствуваат како слуги или помошници. Советниците за роботи ќе им помогнат луѓето што ќе сакаат да купат роботи во врска со тоа кој модел е најдобар за потребите на семејството. Доколку роботот не одговара на семејството, советникот ќе треба да најде подобри опции за својот клиент.

Успешниот советник ќе треба да има вештини слични на оние што денес ги имаат семејните советници. Тоа значи дека ќе треба да имаат познавање во социјалната работа, семејно советување и социологија.

10. Медиумски ремиксер

Медиумскиот ремиксер ќе има слична работа како диџеј или виџеј. Тој ќе треба да ремиксира различни форми на медиуми во еден кохезивен проект. Тие ќе вклучуваат аудио, видео и фотографии за да создаваат проекти за маркетинг-кампањи или свадби. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот