X
 07.09.2023 Живот

И Јапонија ќе ја проучува Месечината - успешно лансирана ракетата „Х-ИИА“

Јапонија успешно лансира ракета со модул создаден за работа на Месечината. Леталото треба да слета на нашиот природен сателит за неколку месеци - со голема прецизност, на радиус од максимални 100 метри од целта.

По три одложувања поради неповолните временски услови, ракетата „Х-ИИА“ на Јапонската вселенска агенција ЈАКСА полета денеска од космодромот во Танегашима на брегот на Тихиот Океан.

Месечевата лабораторија наречена „СЛИМ“ би требало да слета на Месечината за четири до шест месеци. Целта е проучување на карпите на Месечината, како и на внатрешноста која е слабо истражена.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот