X
 18.01.2019 Забава

Премиера на химната на Биби


Се будам сега јас
И си пеам на цел глас
Сонце силно свети
Пушта зрак
Денот убав е
Ајде сите со мене
Другарка ваша Биби е

Со овие стихови Биби ве поканува в недела, во 19 часот, на нејзиниот јутјуб-канал премиерно да ви ја изведе својата втора песничка. „Биби јееј“ е најновата содржина од „Светот на Биби“. Новогодишната песничка на Биби „Трепкај, трепкај, елкичке“ стана вистински хит меѓу децата и за само неколку недели беше преслушана повеќе од 130.000 пати.

Во студиото „Подрумот“ во Скопје неодамна беше снимена и песната „Биби јееј“. За музиката повторно се погрижи композиторот Ангел Ќосев. За текстот се погрижи Билјана Црвенковска, а ја изведува актерката Слаѓана Вујошевиќ.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава