Фото: C. Kilpatrick, UC Santa Cruz, and Carnegie Institution for Science, Las Campanas Observatory
И покрај сите фотографии направени во и од вселената, сè уште постојат нови работи што треба да се видат. И не секогаш треба да бидете научник за да ги пронајдете.
Првата светлина на ѕвездата што се претворила во супернова била фотографирана од астроном аматер кој ја тестирал новата камера.
Виктор Бусо од Росарио, Аргентина, стана првата личност што некогаш успеала да ја слика оптичката (или видлива) светлина пред и по „ударот“ на експлодирачка ѕвезда.
Ова е точката кога ѕвездата експлодирала - кога суперсоничниот бран од јадрото на ѕвездата излегува од површината на земјата, предизвикувајќи гасот таму да се загрее и да се осветли за брзо време.
Ова е многу тешко да се фотографира бидејќи точниот тајминг на суперновата е невозможен за предвидување, а прекинот на шокот трае многу кратко. Астрономите со години го бркаат овој феномен.
„Ова е како да сме освоиле космичка лотарија“, вели Алекс Филипенко од Универзитетот „Беркли“, кој го предводел тимот што ги следел набљудувањата на суперновата.
И навистина, добивањето на фотографиите се случило под среќни околности за Бусо. Всушност, на 20 септември 2016 година тој ја тестирал својата камера, монтирана на телескоп од 40 сантиметри.
За да го направи тоа, тој ја избрал спиралната галаксија „НГЦ 613“ што се наоѓа на растојание од околу 80 милиони светлосни години во јужното соѕвездие Скулптор.
Во текот на еден и пол час тој направил фотографии од галаксијата на 20 секунди време на изложување, за да избегне сатурација од блиските градски светла. Во текот на првите 20 минути сите фотографии биле исти. Но тогаш Бусо забележал нешто - единствена осветлувачка точка на светлината на крајот од спиралната галаксија.
Не поминало многу време пред астрономите да дознаат за откритието и да сфатат дека Бусо фотографирал нешто необично. Според истражувачите, шансите за вакво откритие се една во 10 милиони - можеби и една во 100 милиони.
Фото: Victor Buso
„Податоците на Бусо се исклучителни. Ова е одличен пример за партнерството помеѓу аматерските и професионалните астрономи“, вели Филипенко.
Истражувачкиот тим ги искористил опсерваториите Лик и Кек за следење на суперновата. Спектралните податоци откриле дека станува збор за масивна ѕвезда што веќе изгубила поголем дел од масата пред да експлодира.
„Професионалните астрономи одамна трагаат по ваков настан.
Набљудувањата на ѕвездите во првите моменти кога почнуваат да експлодираат обезбедуваат информации што не можат да се добијат на друг начин“, вели Филипенко.