X
 27.10.2018 Образование

Француската влада планира да вработи полицајци во училиштата

Француската влада соопшти дека планира да вработи полицајци во училиштата како дел од напорите да се справи со насилството, откако се случија неколку инциденти.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане по состанокот со министрите за правда и образование изјави дека се очекува владата да ја претстави својата идеја наредната недела.

– Во најпроблематичните подрачја не е исклучена можноста за присуство на полицаец во училиште, со согласност на директорот - истакна Кастане.

Состанокот е свикан по појава на видеоснимка на која се гледа ученик како му се заканува на професор со лажен пиштол.

Француските медиуми јавија дека уште четворица ученици на почетокот од месецот во Авр им се заканувале на професори со лажни пиштоли.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование