Француското Министерство за заштита на околината најавило мерки против милијардите догорчиња што досега биле фрлени на улиците, парковите и природата во земјата. Меѓу другото, се планира делење на таканаречени џебни пепелници.
Министерството планира да го намали бројот на фрлени догорчиња годишно за околу 40 отсто во следните шест години, на околу 23,5 милиони догорчиња.
Фото: Pixabay
Освен тоа, министерството бара одговорност и од произведувачите на цигари преку закон за рециклирање и управување со отпад кој предвидува компаниите да водат сметка за своите производи и по нивната консумација. Тутунската индустрија ќе плаќа 80 милиони евра годишно за проекти кои ќе имаат цел да ги намалат фрлените догорчиња и да ја подигнат свеста за нивното штетно влијание.
Министерството сака и да започне да дели џебни пепелници, да постави посебни канти за цигари и догорчиња и да воспостави нови системи за собирање и рециклирање на догорчињата.
Според статистичките податоци на ЕУ, во Франција пуши околу 22,4 отсто од населението.
Извор:
Klix