Земјите како САД, Велика Британија, Франција, Шпанија и Германија се смета дека „доцнат“ 9-10 дена зад напредокот на коронавирусот во однос на Италија.
На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат снимки на кои Италијанци снимаат пораки што би сакале да ги слушнеа пред 10 дена.
-Ти зборувам од иднината.
-Знам дека си зафатен, но почекај малку.
-Сакав да те информирам за последните настани.
-Ќе има голем хаос.
-Сигурно имаш слушнато за коронавирусот. И сигурна сум дека го потценуваш.
Ова се само дел од работите што Италијанците си ги кажуваат сами на себе на почетокот од пораката која би сакале да ја слушнеа пред десет дена.
Потоа тие објаснуваат каков им бил животот до пред десет дена, како оделе на работни состаноци, на вечери, во фитнес-сали.
- Но, за десет дена животот веќе нема да биде ваков - си вели еден Италијанец.
Тие ги кажуваат промените што настанале за само десет дена, колку многу се зголемил бројот на заразени и починати и како луѓето не можат да излезат од дома.
Италијанците всушност на еден поинаков начин им порачуваат на другите да го сфатат ова сериозно и да не ја прават истата грешка.
Погледнете го видеото.