Ширењето на коронавирусот донесе многу предизвици за многу индустрии. Универзитетите се особено погодени од ситуацијата. Кина продолжува да се бори со епидемијата, иако бројот на заразени случаи се намалува. Сепак, на голем број универзитети низ државата и понатаму не се држат предавања.
Многу универзитети во земјата почнале со онлајн-работа, меѓу кои е и еден од најдобрите факултети во Кина, Универзитетот во Џеџијан. За да го намали влијанието предизвикано од
епидемијата, универзитетот почнал да практикува онлајн-часови на 24 февруари. Сите студенти ги следат предавањата, дури и странските студенти.
Фото: Pixabay
Две недели по започнувањето на „експериментот“, универзитетот нуди над 5.000 курсеви за додипломски и постдипломски студенти. Платформата за курсевите имала 570.000 посети, а апликацијата направена заедно со компанијата „Алибаба“ се користи од 300.000 корисници.
Над 2.500 постдипломци планираат да ги одбранат своите тези оваа пролет. Тие може да се пријават и за онлајн-одбрана според планираното.
Покрај понудата, и квалитетот на образованието изненадува. Универзитетот организирал повеќе тренинзи во средината на февруари за професорите и асистентите на факултетите. Бил поканет инструктор за да им покаже на предавачите како да ја адаптираат педагогијата за онлајн-часовите.
Освен тоа, универзитетот им обезбедил бесплатен пристап на над 1.000 студенти со посебни потреби. Студентите што немаат постојан пристап до интернет добиваат видеа и учебници од курсевите.
Извор: Weforum.org