Веб-страница која го пресметува потенцијалниот ефект на нуклеарна бомба стана екстремно посетена последните денови поради настаните поврзани со рускиот напад на Украина.
Веб-страницата наречена „Нјукмеп“ (англ. Nukemap) ги пресметува радиусот на експлозијата, потенцијалните човечки жртви и други ефекти на можна нуклеарна бомба според дадена локација. Ова значи дека со помош на веб-страницата луѓето може да проценат кој може да биде ефектот на нуклеарна бомба во нивна близина.
Креаторот на веб-страницата, Алекс Велерстајн, изјавил дека бројот на посети се зголемил како цунами во последните денови. Доколку претходно веб-страницата ја посетувале најмногу 20.000 луѓе дневно, сега бројката надминуваат 150.000 дневно.
Веб-страницата повремено „паѓа“ поради големиот број посети, изјавил Велерстајн. Доколку сакате да ја посетите и вие, може да ја најдете
овде.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Freepik