Садаф Кадим, прва жена боксер од Иран, го одложи враќањето дома од Франција бидејќи по неа беше издадена потерница за апсење.
Таа во саботата ја победи француската боксерка Ана Шован и во план ѝ беше да се врати во Техеран заедно со тренерот.
Кадим е обвинета дека не ги почитувала правилата, во рингот била „несоодветно облечена“, бидејќи носела маица со прерамки и шорц.
Садаф носела зелена маица, црвен шорц и бели стегачи. Тоа е искомбинирано како знамето на Иран. И покрај дозволата на Министерството за спорт на Иран, очигледно големиот пречек, на кој толку се надеваше, нема да го има.
- Се борев во легендарен натпревар во Франција. Носев опрема која во целиот свет е нормална, а се трудев и да ги почитувам обичаите на мојата земја. Носев хиџаб и мојот тренер е маж, но очигледно тоа некому не му се допадна, изјави Садаф Кадим.
Иранската амбасада во Франција исто така не сакаше да ја коментира оваа непријатна ситуација, а нивниот боксерски сојуз соопшти дека не организирал никакво натпреварување во женска конкуренција и оти секоја жена мора да го почитува кодексот, во спротивно ќе сноси последици, а законските казни се движат од финансиски до затворски, до максимум два месеца.
Извор: МИА