„Маски“, односно на англиски maskie е новиот хаштаг на нашето време. Зошто да правите селфи
кога може да направите маски?
Во времето пред пандемијата на коронавирусот, на „Инстаграм“ можеше да се видат многу фотографии од корисници пред туристички атракции или во ресторани. Селфито стана популарно насекаде низ светот. Но сега на оваа социјална мрежа може да се видат многу фотографии од луѓе што носат заштитни маски.
Фото: Pixabay
Некои земји низ светот од жителите бараат задолжително носење на маски кога излегуваат надвор од домот. Има и земји што не го препорачуваат ова, но тоа е во случај на недостиг на маски за медицинскиот кадар.
Во меѓувреме, многу корисници на „Инстаграм“ ги користат маските за да ги поддржат мерките за социјално дистанцирање и заштита со цел да се намали ширењето на коронавирусот. Оттаму се појави и хаштагот #maskie.
Автор: Аријан Коен
Извор:
fastcompany.com