X
 18.04.2023 Живот

Јужна Кореја им плаќа на младите да престанат да се изолираат

Јужна Кореја им нуди 500 долари месечно на изолираните млади луѓе за да ги напуштат своите домови и да се социјализираат. Новата мерка има цел да ги поттикне изолираните млади да се вратат на факултет, да бараат работа и генерално да го обноват секојдневниот живот.

Повлечените млади на возраст од 9 до 24 години имаат право на овој месечен надомест, кој може да се троши за храна, облека, сместување и други трошоци. За оние што се помлади од 18 години, парите ќе бидат префрлени на сметка на родител. Освен тоа, младите што ќе го добиваат надоместот нема да мора да докажуваат дека излегуваат надвор за да продолжат да добиваат примања.

Околу 338.000 луѓе на возраст помеѓу 19 и 39 години во Јужна Кореја се изолирани. Овие млади луѓе се затвораат во домот со месеци, одбегнувајќи ги обврските како училиштето или факултетот, но и работата. Многу од нив се од сиромашни семејства и почнале да се исклучуваат од општеството во младоста.

Младите во Јужна Кореја се изолираат поради повеќе причини, како лични трауми, малтретирање на училиште, академски стрес, семеен конфликт или немање грижа од старател.

Властите се загрижени дека продолжената физичка изолација може да ги направи младите подложни на депресија и да го забави нивниот физички раст. Освен тоа, земјата очекува намалување на работоспособното население во следните години.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот