X
 24.05.2020 Образование

Татко организирал незаборавна дипломска церемонија за неговата ќерка

Пандемијата ги промени плановите на многумина, а меѓу тие планови и дипломирањето на факултет. За жал, поради вирусот, не можат да се одржат дипломските церемонии за генерацијата 2020, без оглед дали тоа е за студентите од факултет или матурантите.

Нормално, многу студенти се чувствуваат изоставени бидејќи ќе го пропуштат овој важен настан, затоа што дипломирањето е многу повеќе од одење на бина и земање на дипломата.

Гарбиел Пис е една од апсолвентките која нема да искуси дипломска церемонија. Пис, која е студентка на Универзитетот Ксавиер во Луизијана, откако дознала дека церемонијата е откажана, се вознемирила.

- Прво бев прилично вознемирена. Плачев. Ми беше потребна цела недела за да престанам да плачам. Навистина сакав да одам на настанот - вели таа.

2
Фото: Twitter

За среќа, нејзиниот татко Торенс Бурсон добил генијална идеја - да ѝ овозможи дипломска церемонија што Габриел ја заслужува. Торенс бил познат во семејството затоа што прави неверојатни гестови за членовите, па сам одлучил да ја направи церемонијата.

- Една вечер, се раззбудив среде ноќ и си реков: тоа е тоа. Тука ќе ја направам церемонијата - изјави Торенс.

- По сите години учење, ќе се качиш на бината дури и ако треба сам да ја направам - ѝ рекол таткото на неговата ќерка. Така, тој направил бина во неговиот двор, опремена со звучници од кои се слушал дипломскиот марш. Церемонијата имала и говор за поздравување и национална химна, а таткото дури и испечатил програма за настанот.

1
Фото: Тwitter

Како што вели Габриел, церемонијата била подобра од вистинската. Соседите кои поминувале покрај церемонијата свиреле со автомобилите во знак за поддршка.

- Беше неверојатно. Подобро од вистинската церемонија, бидејќи беше лично за мене - вели Габриел.

Извор: Bored Panda
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование