X
 19.10.2022 Економија

Стапката на невработеност на младите во ЕУ паднала во 2021 година

Стапката на невработеност кај младите на возраст помеѓу 15 и 29 години во Европската Унија паднала на 13 отсто во 2021 година од 13,3 отсто во 2020 година, покажуваат податоци од „Еуростат“.

Пандемијата негативно влијаела врз младите во поглед на невработеноста во 2020 година, но ситуацијата се подобрила во 2021 година. Најниска невработеност кај младите има во региони од Чешка, Унгарија и Полска, а најголема во региони во Шпанија, Грција, Франција и во Италија.

Последните достапни податоци за Македонија се од 2020 година кога младинската невработеност изнесувала 29,6 отсто.


Фото: Eurostat (printscreen)

Невработеноста кај сите работоспособни лица во ЕУ изнесувала 7 отсто во ЕУ, помалку од 7,1 отсто во 2020 година. Во 46,4 отсто од анализираните региони во ЕУ стапката на младинска невработеност била барем двојно повисока од вкупната стапка на невработеност.

Извор: Eurostat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија