X
 27.07.2024 Живот

Генијално решение од Норвешка - погледнете како функционира осветлувањето на патиштата

Технологијата напредува во сите области, а понекогаш најпаметните решенија се прилично едноставни и ефикасни. Еден таков пример е систем кој комбинира радар и серија поврзани светла. Норвешка спроведе иновативен пристап за намалување на потрошувачката на енергијата и светлосното загадување користејќи автоматско затемнување на патиштата.

Оваа технологија користи улично ЛЕД-осветлување опремено со радарски сензори кои детектираат возила или пешаци кои се приближуваат. Кога нема сообраќај, светлата се затемнуваат до 20 отсто, што значително ја намалува потрошувачката на енергија. Кога возилото или пешакот ќе се приближат, светлата автоматски се вклучуваат со полн капацитет, обезбедувајќи видливост на патот.

Системот е успешно инсталиран на пат од девет километри во Норвешка и доби пофалби за заштедата на енергија. Норвешката управа за јавни патишта проценува дека заштедата на енергија може да ги покрие трошоците на проектот за помалку од пет години.

Иницијативата е дел од пошироките напори во Норвешка за опремување на инфраструктурата со интелигентни системи за осветлување за да се намали потрошувачката на енергија. Овој пристап не само што ги намалува трошоците, туку придонесува и за заштита на животната средина преку намалување на загадувањето со светлина.

Извор: Index.hr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот