Во нашата земја за тестирање се плаќа од 40 до 89 евра во приватни лаборатории. Цените се разликуваат од земја до земја во регионот и во светот.
Франција е една од земјите каде што ова тестирање е бесплатно, додека во Хрватска цената на тестот по лично барање се разликува од местото во кое се прави, а меѓу најскапите е тестирањето што чини околу 200 евра.
Цената во разни земји се разликува и во зависност од тоа дали
тестот се прави во јавни установи или во приватни лаборатории.
- Тест во Франција може да се направи во која било приватна лабораторија, а бесплатен е и по лично барање - вели Урош Димитријевиќ за Би-би-си, новинар кој е на магистерски студии во Париз.
- Некои лаборатории нудат закажување на термините, додека во други неопходно е да се чека - додава тој.
Времето се цени во европските земји, па цената зависи и од тоа кога се добива резултатот.
Во Србија, владата одлучи од 1 јануари 2021 година ПЦР-тестовите на лично барање да поскапат од 25 на 75 евра.
Фото: Freepik
Оние што сакаат да се тестираат во Хрватска, треба да водат сметка во која жупанија го прават тестот. Бидејќи цената е прилично различна на само неколку километри оддалеченост. Така, ПЦР-тест за итни случаи, на пример, во жупанијата Дубровачко-неретванска во Заводот за јавно здравје чини околу 200 евра, додека во Осијечко-барањската жупанија чини 66 евра.
Во приватните клиники во Црна Гора ПЦР-тестот чини околу 80 евра, додека истиот тест во Словенија чини од 80 до 120 евра.
Во Босна и Херцеговина цената на ПЦР-тестовите е намалена. Така, донесена е одлука со која ПЦР-тестовите од декември 2020 година ќе чинат 57,3 евра. Претходно тестовите чинеа околу 70 евра.
Како се движат цените за ПЦР-тестовите во светот?
Поради порастот на бројот на заразени, Франција одлучи тестовите да ги нуди бесплатно.
Меѓу најевтините тестови на светот се оние во Индија - околу 17 евра.
Во Велика Британија ПЦР-тестот на лично барање чини 160 евра, додека во Германија на аеродромот во Франкфурт на лично барање може да се тестирате за 56 евра. Резултатот пристигнува во наредните шест до осум часа.
Оние што сакаат резултати за три часа, мора да платат 139 евра.
Во Австрија тест со резултат што се добива наредниот ден чини 120 евра.
Во Шведска, ПЦР-тест чиј резултат се добива по два дена чини 140 евра, но ако сакате да го добиете за еден ден, мора да платите дупло.
Цените на тестовите во САД се разликуваат во зависност од тоа во која сојузна држава се наоѓате, но чинат од 40 до 160 евра.
Во Јужноафриканската Република ПЦР-тестовите се наплаќаат околу 50, а во Мексико околу 120 евра.
Извор:
B92.net
Фото: Freepik