X
 18.05.2023 Технологија

„Невера“ на „Римац“ сруши 23 рекорди во еден ден

„Невера“, најновиот модел на суперавтомобил на хрватската компанија „Римац“, продолжува да руши рекорди. Во само еден ден возење на патека за тестирање во Германија суперавтомобилот соборил дури 23 рекорди.

„Невера“ бил возен на патеката „Аутомотиве тестинг папенбург“, каде што максимално ги искористил четирите километри. На возењето биле присутни претставници на независни компании за да ги потврдат рекордите. Суперавтомобилот забрзал од 0 до 96,6 километри на час за 1,74 секунди, што е побрзо од претходниот официјален рекорд од 1,85 секунди.


Освен тоа, „невера“ постави нов светски рекорд за најбрзо продукциско возило кое може да забрзува од 0 до 400 километри на час и застанува до 0 километри на час. Таа „работа“ суперавтомобилот ја направил за 29,94 секунди, рушејќи го претходниот рекорд од 31,49 секунди.

Меѓу другите рекорди на „невера“ е и најкратката оддалеченост потребна за да се застане при брзина од 100 километри на час, а таа изнесува 29,12 метри според мерењето на едната независна компанија која го следела тестирањето, а 28,96 метри според мерењето на другата независна компанија.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Rimac
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија