Доколку заспивате веднаш штом вашата глава ја допре перницата, тоа може да биде знак за предупредување дека работите премногу или да посочува кон друг здравствен проблем, велат експертите. Брзото, како и бавното заспивање, може да открие многу за вашиот начин на живот и вашето здравје.
Кристен Кејси, лиценциран клинички психолог и специјалист за несоница, открива дека идеалното време за заспивање варира од лице до лице.
- Националната фондација за спиење посочува дека здраво лице треба да заспива за 15-20 минути. Меѓутоа, луѓето се комплексни, па може да имаме повеќе проблеми кои нè спречуваат да спиеме цврсто, а не се под наша контрола - според Кејси.
Според неа, луѓето со одредени здравствени проблеми најчесто заспиваат побавно, за 30-40 минути. Меѓутоа, пребрзото заспивање, исто така, може да покажува на поголеми проблеми.
Според невронаучникот Дејв Рабин, пребрзото заспивање може да биде знак за премореност и генерално знак дека не издвојувате доволно време за одмор и закрепнување. Во одредени случаи луѓето спијат доволно, но не спијат квалитетно, а тоа може да биде дел од проблемот.
За поквалитетен сон, Рабин препорачува да се има рутина за успивање која ќе се практикува половина час пред спиењето. При сериозни проблеми со спиењето се препорачува посета на специјалист.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Freepik