„Гугл Хром“ крие низа функции што не се непосредно достапни за сите затоа што сè уште се во фаза на развој и тестирање. Но, тоа не е причина да не испробате барем неколку од нив.
До експерименталните поставки, наречени flags, можете да дојдете ако во лентата за адресата напишете chrome://flags.
Пред да започнете да експериментирате, треба да ве потсетиме дека ова не се конечни производи, па би можеле да имате проблем со нивното користење или може некои да не ви се достапни.
Сепак, со нивна помош можете да си го забрзате затворањето на табовите и многу други нешта.
Пронајдете го соодветниот flag со притискање на Ctrl и F. Напишете Simplified Fullscreen. Кликнете на стрелката до функцијата и одберете Enable, а потоа Relaunch Now. Отсега интерфејсот ќе биде значително поедноставен кога ќе гледате видео на целиот екран.
Можете во пребарувачот да напишете и Fast Tab/Windows Close. Потоа кликнете Enable. Отсега табовите и отворените прозорци ќе се затвораат веднаш штом ќе
кликнете на Х.