X
 31.10.2018 Технологија

„Гугл“ конечно воведува одамна најавена функција

Пребарувачкиот гигант „Гугл“ одлучи дополнително да го олесни откривањето на новите содржини со предлози кои ќе ги добиваме во текот на пребарувањето преку „Хром“. Функцијата била забележана од страна на корисниците на мобилните уреди во САД, што значи дека таа наскоро ќе стигне и кај нас.

Новата функција на „Гугл“, наречена Discover feed, е најавена уште за 20-годишнината минатиот месец, а според последните известувања, полека почнува да стигнува до корисниците.

Discover feed на корисниците на мобилни телефони им прикажува низа информативни делови под пребарувачкиот дел на страницата на „Гугл“ кога се пристапува преку мобилен телефон. Повеќето информативни делови се за неодамнешните вести, но може да се добие и временска прогноза, спортски резултати итн.

Фото: The Verge

Оваа надградба е многу голема промена за најпознатата страница на светот. Очигледно е дека „Гугл“ сè повеќе посветува внимание на новите информации, што значи дека прегледувачот активно настојува да го предвиди вашето пребарување пред сами да одлучите да го напишете. Колку за потсетување, „Хром“ веќе има неколку предложени страници кои се прикажуваат веднаш штом ќе отворите нов таб.

Новата функција моментално е достапна само за корисниците од САД и сè уште не се знае кога ќе биде достапна на глобално ниво.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија