X
 06.10.2023 Култура

Ова е моментално најдобриот филм на „Нетфликс“ - ги освои и критичарите и гледачите

Новиот трилер „Обвинет“ (англ. „Accused“) на „Нетфликс“ ги воодушеви гледачите, но и ги натера да размислуваат за опасностите од социјалните мрежи.

Филмот следи млад човек кој е погрешно идентификуван на интернет како баран терорист кој активирал бомба во лондонското метро. Кога онлајн-заканите ќе доведат до инвазија на неговиот дом, тој е принуден да се бори за својот живот. Филмот остана незабележан на стриминг-платформата и покрај импресивната и ретка оцена од 100 отсто на популарната веб-страница за рецензии „Ротен томејтос“.

Сепак, обожавателите на филмовите почнуваат да сфаќаат дека е одличен и ги користат социјалните мрежи за да ја рашират веста. Многумина пишуваат дека филмот е едноставно генијален и ја прикажува реалноста на современото општество во кое доминираат социјалните медиуми.

„Филмот е 10/10. Многу е реален“, „Моќта на социјалните мрежи, омразата, расизмот и стереотипите можат да уништат животи“, „Дефинитивно вреди да се гледа“, се само дел од коментарите на луѓето.

Филмот е во режија на Филип Барантини, познат по филмот „Точка на вриење“.

 

Извор: Lola Magazin
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура