X
 06.07.2020 Живот

Маж дизајнирал електрична инвалидска количка за неговата сопруга да оди на места каде што никогаш не била

Поголемиот дел од животот Камбри го поминала на тротоар. Таа е парализирана и мора да се движи со помош на инвалидска количка.

Затоа, нејзиниот сопруг Зак Нелсон одлучил да спои два електрични велосипеди со седиште во центарот за да ѝ овозможи поголема независност. И успеал. Сега Камбри вели дека со новото возило доживува сосема ново ниво на слобода. Не само што може да премине преку пречки што претходно ѝ изгледале невозможни, туку може да патува повеќе километри без да ги повреди рамената.

Камбри и Зак почнуваат со масовно производство на возилото што го нарекуваат „Неинвалидска количка“.

Според парот, при изборот на приспособливо возило луѓето имаат неколку опции, но во основа тие или чинат колку еден автомобил или се премногу бавни. Затоа тие двајцата се обидоа да создадат нешто што ќе биде брзо и лесно со супер долг опсег.

1

Токму затоа се одлучиле да почнат со продажба на нивното возило. Тоа може да оди 19 километри на час, може да се вози 16-32 километри со една батерија и 40-56 километри со две батерии, во зависност од теренот, тежината на возачот и товарот што го носи.

- Нашата цел е да обезбедиме нешто што ќе има повеќе функции и ќе биде достапно за луѓето - велат тие.

количка

Возилото има систем за монтирање за да држи инвалидски колички, опрема за кампување и кошница за пикник, а е направено од делови од велосипед, така што одржувањето и поправките се прилично лесни.


Извор: Bored Panda
Фото: JerryRigEverything
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот