Веројатно сте наишле на многу огласи за работа во кои се бара готвач од кој се очекува да приготвува храна, односно да работи во кујната на некој објект.
Но, како ви звучи позицијата готвач за промоција и развој на продажбата на приготвени јадења? Од личноста што ќе работи на таа позиција се бара теренска работа.
Позната српска пекарница бара работници од различни профили и нуди постојана и сигурна работа во најголемиот синџир на пекари во Србија. Со работата доаѓаат службено возило, лаптоп и телефон, редовна и стимулативна плата од 150.000 динари (околу 1.300 евра), како и можност за кариерен развој и бонуси.
Овој вработен, чија нето-плата би била над 1.000 евра, треба да има минимум 5 години искуство како готвач, како и искуство во креирање рецепти и производни процеси за готвени јадења.
Значи, јасно е дека не може да биде обичен менаџер, туку некој што навистина го знае овој занает. Од друга страна, неопходно е да има развиени комуникациски и организациски вештини, способност за планирање, приоретизирање и самоорганизирање.
Фото: Printscreen
Кога станува збор за степенот на образование, пекарницата бара кандидатот да има барем средно образование, но и средно ниво на познавање на „Офис“. Дополнително, треба да поседува возачка Б-категорија.
- Теренската работа опфаќа обиколка на ресторани за самопослужување во рамките на малопродажните објекти, контрола на процесот на работа во нив, како и контрола на квалитетот на произведените јадења. Основната задача е да се подобри работата на ресторанот преку контрола на работењето на објектите, евалуација на работата, подобрување на работните способности и готвачките вештини на вработените и подготовка на нови јадења - пишува во описот на огласот.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: