Работата од дома веројатно ќе стане легално право за сите вработени во Холандија. Долниот дом на холандскиот парламент одобрил легислатива за ова месецов. Сега, потребно е само одобрување од Сенатот за уредбата да стапи во сила.
Моментално, работодавците во Холандија имаат право да го одбијат барањето за работа од дома на вработените без да дадат причина за тоа. Според новата мерка, работодавците ќе мора да ги разгледаат сите барања за работа од дома и да имаат соодветна причина за одбивање.
Новата мерка, всушност, е амандман на закон за флексибилна работа од 2015 година, со кој на вработените им се дава право да побараат промени во работните часови и местото на работа.
Според податоци од „Еуростат“, околу 14 отсто од вработените во Холандија работеле од дома две години пред пандемијата.
Извор:
NDTV
Насловна фотографија: Pixabay