Пред околу 36 милиони години астероид паднал во канадската провинција Њуфаундленд и Лабрадор.
Ново истражување покажува дека температурата во моментот на ударот надминала 2.370 Целзиусови степени, а тоа е највисоката температура на Земјата.
Истражувачите од Универзитетот „Куртин“ во Перт, Австралија, и од Универзитетот „Вестерн“ во Лондон, Онтарио, го користеле присуството на кубен циркон – кристал сличен на дијамантот, за да ја заклучат температурата од античкиот удар на астероидот.
Денес, местото на ударот е кружно езеро, со централен остров и има многу докази кои покажуваат дека кратерот Мистастин бил предизвикан од астероид. Регионот околу и во езерото содржи минерали слични на стакло, карпи кои се топат, скршени конуси и знаци на удар. И ѕидовите на кратерот содржат кубен циркон, а тоа е кристал кој може да се формира само кога температурата надминува 2.370 Целзиусови степени.
Минералите имаат тенденција да испаруваат кога се изложени на толку високи температури, па присуството на
кубен циркон доведува до заклучок за тоа што се случувало пред 36 милиони години. Денес, езерото уште изгледа како кратер гледано од вселената, иако е полно со вода. Катаклизмичниот настан се случил за време на еоценската епоха, откако диносаурусите исчезнале и почнале да се појавуваат цицачите. Ударот најверојатно предизвикал глобални ефекти кои траеле со децении.
Истражувањето зборува и за условите на Земјата во тој период, кога астероиди често паѓале на Земјата. Овие удари играле важна улога во формирањето на композициите на кората, во период на претставување и комбинирање на елементи во атмосферата. Иронично, но овие насилни настани со текот на времето придонеле за креирање на животните и условите за населување на Земјата.