X
 14.02.2021 Наука

Видео го покажува движењето на тектонските плочи во период од милијарда години

Меѓународен тим геолози стојат зад ново видео кое ги покажува тектонските движења на Земјата претставени во само 40 секунди. Во видеото континентите се менуваат, океаните добиваат нови форми, а поради сето тоа, планетата е речиси непрепознатлива на почетокот.

- Во човечка временска рамка, почвата се движи во сантиметри годишно, но како што може да се види од анимацијата, континентите биле на многу места низ историјата. Антарктикот, кој го гледаме како студено место непогодно за живот денес, всушност некогаш бил убава дестинација за одмор на екваторот - напишал Мајкл Тетли, еден од креаторите.

Истражувачите очекуваат моделот што го создале научниците за видеото да им помогне да го разберат физичкото движење на тектонските плочи, а со тоа и да се добие поголемо разбирање за климата, океаните и биолошката еволуција.


Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука