За цртаните филмови возрасните без размислување велат дека се наменети за децата. Но, колку се тие безопасни? Загриженоста кај за оваа тема е сé поголема.
Родителите им дозволуваат на децата да гледаат програми што можеби и тие самите не ги гледале. Цртаните се еден вид замена за бајките и приказните што одамна ги раскажувале бабите и дедовците или родителите и токму заради тоа ја формираат свеста на детето и моделот на светот на мама и тато, пријателите и непријателите, доброто и злото...
Детето ги прима информациите во облик на слика. Од тие слики го гради својот модел за светот. Кога малите девојчиња ги гледаат хероините и принцезите од цртаните филмови, го апсорбираат идниот модел на сексуално однесување, а кај момчињата се формира матрица која ќе натежнува кон изборот на животниот партнер. Овде не станува збор само за надворешниот изглед, туку и за менталните квалитети што се манифестираат во изгледот и начинот на делување на хероината.
Што мислат психолозите?
Некои психолози сметаат дека главните женски ликови од американските цртани филмови се конструирани на таков начин да систематското гледање на филмови со нивните улоги кај децата доведува до изумирање на функцијата за продолжување на родот. Со одредени техники се врши промена на психата на детето. На пример, главната хероина е обоена со јаки бои, а детската психа реагира на сé што е нагласено. Фокусот на детето во целиот филм е на неа и тоа нема време да се оддалечи и да размисли. Сите женски ликови во американските филмови имаат исто лице. Истите црти ако ги има една жена во реалноста би изгледала многу лошо. Но, малите девојчиња ќе настојуваат да изгледаат како нешто што не постои, а кога ќе стануваат возрасни, ќе сметаат дека имаат потреба од многу корекции.
Детската свест формира слика за физичките допири во љубовните односи. Квазимодо во Ѕвонарот на Богородичната црква, ја држи Есмералда како животно што ќе го жртвува, Шрек ја носи својата девојка како вреќа, а потоа флертува на начин на кој ниту една пристојна жена не би сакала да ѝ се пристапи. Но, нејзе тоа ѝ се допаѓа.
Според психолозите, отворена еротика има и во „Том и Џери“. Однесувањето на мачката во која Том е заљубен е вулгарно и недолично. Том демонстрира грубост, а мачката благонаклонето ја прифаќа. Таа слика може да креира стереотипи кај децата што ќе се одразат во понатамошниот живот и интимните врски. Психолозите се едногласни дека никаква еротика не смее да се прикажува во програми што се наменети за деца. Еротските сцени што вешто се вметнуваат во цртаните филмови им ја осакатуваат психата.
За нормален развој на детето при првото интересирање за спротивниот пол неопходна му е бајка, загатка, тајна. Тие работи треба со бавно и со трпение да ги откриваат и тоа е неопходно за здрав развој и желба за продолжување на родот. На децата им се потребни романтични приказни и нежности, а не женски фигури со низок морал.
Најважна за детето е сликата што ќе ја создаде за жената, а во бајките на сите народи тоа е слика за мајката. Американските цртани филмови се креирани по поинаква шема. Мајката и мајчинството во традиционалниот облик се сретнува во филмовите за животни како „Кралот Лав“, „Книга за Џунглата“, „Дамбо“, „101 Далматинец“, кои содржат сцени во кои мајката се грижи за своите млади, но тоа го нема и во цртаните филмови за луѓе.
Во „Убавицата и Ѕверот“ има сцена во која постара жена речиси грда а истовремено бесна од омраза, држи нешто како бебе, но што наликува и на прасенце. На сцената е присутна и преубавата хероина. Овие елементи што вешто се вметнати во цртаните филмови ја искривуваат сликата за мајчинството кај девојчињата, а тоа потсвесно има влијание и на животните одлуки што понатаму ќе ги донесуваат. Ако направи споредба меѓу грдата и бесна мајка и распеаната убавица, девојчето би одбрало да се стреми кон второто. Но, колку е тоа реалната слика?
Децата обожаваат да гледаат филмови, а родителите знаат дека сé што ним им се допаѓа не е и корисно. Цртаните филмови можеби не изгледаат опасно како, на пример, да би да ставиле раката во оган, но последиците што ќе останат скриени во детската психа треба да се сериозен предмет на загрижување.