X
 18.10.2018 Забава

Како Мерцедес, Нивеа, Лидл и Адидас ги добиле своите имиња?

Дали некогаш сте се запрашале што значи Мерцедес, Бе-ем-ве, Опел, Фолксваген, Најки, Адидас, Нокиа, Нивеа, Лидл?

Кога станува збор за автомобилската индустрија, компаниите претежно го носат името на основачот. Па така, Рено, Опел, Ситроен, Форд, Хонда, Пежо, Ролс-Ројс, Порше, Сузуки, Јамаха и Тојота го носат името на основачот.

Меѓутоа, има неколку исклучоци.

На пример, автомобилите од марката Мерцедес биле крстени по Мерцедес Јелинек, која била ќерка на австроунгарски трговец кој од компанијата „Даимлер“ порачал повеќе од 30 автомобили под услов да го добијат името на неговата ќерка.

Од друга страна, Бе-ем-ве е скратеница од Bayerische Motoren Werke, што во превод значи: Баварска фабрика за мотори.

Алфа е скратеница од Anonima Lombarda Fabbrica Automobili, додека Ромео е презимето на еден од сопствениците.

Волво на латински значи возам.

Името Ауди потекнува од работилницата која се викала така, а се занимавала токму со производство на автомобили.

Од друга страна, Фолксваген го добил името така што при основањето, целта на компанијата била да произведе автомобили кои ќе им бидат достапни на широките народни маси, па така Фолксваген во превод значи „народен автомобил“, додека Хјундаи на корејски значи „модерен“.

Најки го носи името на грчката божица на победата.

Зборот Адидас е составен од почетните букви на името и презимето на основачот Адолф Даслер, а Рибок на јужноафрикански значи антилопа.

Нокиа го добила името по местото каде што започнало производството, а името Нивеа потекнува од латинскиот збор nivis, што во превод значи снежно бело.

Лидл, пак, го добил името така што основачот Јозеф Шварц ги купил правата компанијата да го носи името на неговиот поранешен деловен партнер, кој се презивал Лидл. Ако се прашувате зошто компанијата не го носи името на основачот, тоа е така затоа што шварц значи црно.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава