Напредокот на ЗД-печатењето им даде можност на медицинските истражувачи да испечатат нешто за што ретко има обиди - лигаменти и тетиви.
Иновацијата доаѓа од биомедицинските инженери од Универзитетот во Јута, САД. Новиот процес може да овозможи побрзо закрепнување на пациентите или, пак, нови ткива што би им биле всадени.
За истражување и развивање на процесот, на тимот од Јута му биле потребни две години. Инженерите зеле матични клетки од масното ткиво на пациент и ги испечатиле на слој од хидрогел. Хидрогелот поттикнува раст на клетката ин витро (надворешно), формирајќи или лигамент или тетива во процесот. Новото ткиво потоа се всадува во повредениот или погодениот дел.
Успешното печатење на сврзно ткиво им бега на повеќето биомедицински инженери.
- Ова ќе им овозможи на пациентите да добијат заменски ткива без дополнителни операции и без да мора да набавуваат ткива од други места, што носи проблеми - вели доцентот Роби Боулс.
Новиот процес им дава на истражувачите поголема контрола над тоа како се формираат лигаментите, повеќе отколку другите биомедицински развиени ЗД-испечатени
делови.