Идните родители сега можат да добијат 3Д принтан модел од нивното неродено
бебе. Фотографиите од ултразвукот може да се искористат за да се создаде тродимензионален изглед на фетусот и да се креираат деловите со неверојатни детали. Моделот може да биде искористен за да им овозможи на родителите да го видат нивното бебе или може да се искористи за да се побараат знаци на физички абнормалности.
Фото: Daily Mail
Иван Гридин, основач на руската компанија „Ембрио 3Д“, ја создал технологијата за да ѝ помогне на пријателка во текот на нејзината бременост. Јулијана Рецу била на ултразвук во градот Уфа и потоа бил реплициран 3Д модел. Гридин вели дека моделите можат да бидат модифицирани за да се создаде модел обложен со метал.
-Имам пријателка која беше загрижена за здравјето на нејзиното дете и сакаше да го види. Таа неколку пати беше на ултразвук, но тоа не беше доволно. Во тоа време бев заинтересиран за новите технологии и 3Д-принтањето и реков: ајде да го испринтаме - објаснува Гридин.
Тој додава дека порано се правеле само од пластика, но дека сега се во можност да направат модели од гипс и да ги покријат со скапоцен метал. Процесот на моделирање претежно се фокусира на детали како формата на прстите на рацете и носете, па дури и на цртите на лицето.
-Нарачавме 3Д модел од нашето дете, кое сега е во мојот стомак. Тоа е чудно чувство, детето се уште не е родено, но можете да го допрете и да го почувствувате - вели Рецу.
Бразилските научници ја развија технологијата на 3Д отсликување во 2016 година и таа им дозволи на родителите да видат реалистични слики од нивните неродени деца. Тие го искористија сетот за виртуелна реалност „Oculus Rift“ за да ги оживеат скеновите од магнетната резонанца и ултразвукот. Родителите оттогаш можат да добијат изострена и реалистична слика од фетусот наместо традиционално матните полароиди.
Фото: Daily Mail
Технологијата ги реди во слоеви скеновите од магнетната резонанца за да создаде модел. Користејќи го сетот, идните родители можат да го видат нивното неродено дете надвор од утробата. Моделите од виртуелната реалност изгледаат исто како живи и можат да ја создадат целата внатрешна структура на фетусот. Може да се набљудуваат сликите од респираторниот систем и другите развивања во телото на фетусот и тоа може да им помогне на лекарите при проценувањето дали има абнормалности. Исто така, фотографиите од виртуелната реалност е покорисни за дијагностицирање на која и да е состојба, но физичкиот модел е поинтимен за идните родители.
Технологијата „Oculus Rift 2“ може да го внесе корисникот во виртуелен свет во кој е вклучено и срцебиењето на бебето. Во тој свет, родителите можат да ја свртат главата и да го видат бебето до детаљ, но секако, се додека го носат сетот.