Биолози открија невообичаена метална структура во пустината во Јута и не знаат од каде потекнува. Пилотот Брет Хачингс објаснува дека структурата ја забележал еден од биолозите додека летале над неа со хеликоптер.
Структурата е висока од 3 до 4 метри и стои исправено. Таа се наоѓа на локација каде што не поминуваат луѓе.
Сè уште не е јасно што прави металната структура во пустиот предел во Јута, а Хачингс претпоставува дека можеби станува збор за уметничка инсталација инспирирана од филмот „2001: Вселенска одисеја“, во која повеќе структури се поставени низ Сончевиот Систем од страна на вонземјани од праисторијата.
Автор: Виктор Тангерман
Извор:
futurism.com
Насловна фотографија: Screenshot/Twitter