X
 01.08.2019 Образование

Отидоа по медал во Њујорк и освоија сребро - Ана Марија од „Корчагин“ втор најдобар Microsoft Office Specialists во светот

Интересно е што земјите од регионот всушност ги освоија првите три места на напреварот – трето место беше претствникот на Босна и Херцеговина, а прво – натпреварувачот од Грција

Ана Марија Атанасовска од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ освои сребрен медал на светскиот натпревар Microsoft Office Specialists што се одржа во Њујорк. Церемонијата на прогласувањето беше синоќа.

Професорката Жаклина Прекиќ со Ана Марија Атанасовска (десно) и Сара Мисајловска

Нашиот тим го предводеше менторката Жаклина Прекиќ, професорка во скопската гимназија. Пред заминувањето во САД во интервјуто за Факултети.мк таа рече:

- Светскиот натпревар е предизвик за нас бидeјќи оваа година се подготвуваме да освоиме медал. За такви амбиции зборуваме кога се работи за ученици како што се Ана Марија и Сара, иако сме свесни дека конкуренцијата е силна.

Најдобрите на светскиот натпревар

Сара Мисајловска се натпреваруваше на светскиот натпревар во Adobe апликации (Adobe Photoshop). Нашиот тим беше одушевен кога Крег Бушман, потпретседател на „Цертипорт“ (кој го организира светскиот натпревар) го прочита името на Атанасовска. Интересно е што земјите од регионот всушност ги освоија првите три места на напреварот – трето место беше претставникот на Босна и Херцеговина, а прво – натпреварувачот од Грција.

Во нашиот тим беше и Валентина Тасева од „Цертидриа“, организтор на македонските натпревари MOS и ACA годинава.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование