X
 18.12.2018 Образование

Тетовските студенти излегоа на протест


Студенти од Тетово денеска излегоа на протест на градскиот плоштад со цел исполнување на нивните барања, кои ги изнесоа минатата недела. Десетици студенти во рацете носеа транспаренти на кои беа испишани нивните пораки до раководствата на универзитетите и до властите.

- Ние живееме во демократија, но не гледаме дека има демократија во оваа држава бидејќи студентите немаат право да кренат глас - истакна еден студент.

Тие потенцираа дека имаат 14 барања и очекуваат надлежните да ги исполнат без дијалог.

Тетовските студенти велат дека протестите ќе продолжат сѐ до исполнување на нивните барања.

Според одредени медиуми на албански јазик, се очекува протестите наскоро да се прошират и во Скопје. Дел од нив истакнаа дека се соочувале со притисоци. Неколку пати им беше хакирана и страницата на „Фејсбук“ - Револтирани студенти, како и настанот на кој ги повикаа и другите студенти да им се придружат.  

Факултети мк. побара изјава од министерот за образование и наука Арбер Адеми веднаш штом студентите го најавија протестот, но сѐ уште не добивме коментар.

Тука можете да ги прочитате барањата на тетовските студенти.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование