X
 30.01.2016 Здравје

Зошто канабисот е забрането растение?

Канабисот е растение кое му е познато на човекот околу 28.000 години и може да се користи за многу цели - во исхраната, медицината, градежништвото, како гориво и сл. Од канабисот може да се добијат над 50.000 различни производи. „Global media planet“ пишува за некои факти поврзани за употребата и целите на канабисот

Имено, канабисот се користел од многу одамна. Во Чешка република бил пронајден сад со украс од канабис кој е стар 26.000 години. Кинезите го користеле растението за производство на хартија, а во медицината го користеле 2.800 години пред нашата ера. Од канабисот се произведувале облека, книги. Американската декларација за независност била напишана на хартија од канабис.

Канабисот не ја загадува Земјата како пластиката. Облеката од канабисот е речиси неуништлива. Леви Страус во 19-от век ги создал првите фармерки од канабис. Ова растение го чисти земјиштето од отрови.

Коренот оди длабоко и со распаѓањето ја храни почвата. Како извор на храна, може да се јаде семето од канабис, кое содржи омега-3 и омега-6. Канабисот бил задолжително растение во 17 и 18 век, особено во Северна Америка.

Индустријата на канабисот би можела да се негува насекаде низ светот, со оглед на тоа што растението расте до 3-4 метри годишно. Канабисот е полесен од челикот, а поцврст. Од него се добива добра пластика. Сите предмети кои ги користиме од пластика денес би можеле да се прават од канабис. Растението има целулоза околу 77% и е одличен извор на енергија.

Хенри Форд во 1941 година користел канабис во производството на автомобил. Денес се возиме во автомобили кои 'рѓосуваат, а канабисот не 'рѓосува. Автомобилот изработен од челик тежи околу 1.300 кг, а автомобилот со иста големина изработен од канабис би тежел околу 900 кг.

Фармацевтската индустрија го користела канабисот како лек од 19-от век. Староперсиска книга напишала околу 700 години пред Христос го наведува растението како најлековито дотогаш познато. Индискиот канабис бил најлековито растение во светот.

Канабисот повторно започнува да се цени како помошник во лекувањето на ракот низ светот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје