Многу земји почнаа да ги урбанизираат морските површини како резултат на климатските промени кои предизвикуваат сè повисоки температури на Земјата, што дополнително иницира топење на ледените плочи и забрзан пораст на нивото на морето.
Меѓу пионерските земји беа Јужна Кореја (проект „Бузан“) и Саудиска Арабија (проект „Оксагон“), а неодамна аргентинското студио го предложи својот пловечки град наречен „Полимерополис“.
Ова студио предлага урбанизација на голем дел од ѓубрето во областа на Пацификот со помош на голем број пловечки острови кои го чистат океанот. Околните острови создаваат граница за собирање отпад, направена од мрежи и вегетација поврзана со фиторемедијација, кои го ограничуваат преминувањето на микропластиката и ја прочистуваат водата.
Со ова се постигнува санирана средина во која може да опстане и морски и човечки живот.
Идејата е островите да се градат од остатоци од рециклирана пластика пронајдени во водата, а „Полимерополис“ да биде целосно самоодржлив, односно да генерира сопствени ресурси.
Движењето на приливот треба да генерира електрична енергија додека обратната осмоза ќе генерира вода за пиење.
Производството на храна ќе се заснова и на одгледување морската флора и фауна во затворени лагуни. Во „Полимерополис“ би можеле да живеат околу 4.000 жители.
Како што се развива урбанизацијата, ќе има острови посветени на паркови и рекреација, аеродроми и пристаништа и екотуристички хотелски одморалишта кои луѓето ќе можат да ги посетат и да научат за системите што се користат.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Focaccia Prieto/uan Manuel Prieto & Maxi Araya