Фото: Global Look Press
Се стекнува впечаток дека Илон Маск сега е присутен насекаде. Тој ја лансира „Фалкон Хеви“ ракетата во вселената со автомобилот „Тесла Роудстер“ и восочната фигура во улога на возач, во вистински вселенски костум, ја основа компанијата „Боринг“ итн. Дури и тврди дека е Марсовец.
Американскиот милијардер и генерален директор на компанијата „Спејс Екс“ и „Тесла“ низ целиот свет, од една страна предизвикува восхит поради успехот и храбрите експерименти, а од друга страна скептизам и тврдење дека голем дел од неговите проекти се нерентабилни. Во Русија со внимание се следат неговите проекти, особено поврзани со вселената. Што Русите мислат за овој човек?
Фото: Global Look Press
Инспиративен иноватор
Повеќето експерти запознаени со вселенскиот сектор е согласуваат дека активноста на Маск влијае врз овој сектор. На пример, Александар Железњаков, експерт на руската академија за космонаутика во 2017 година изјавил: „Она што Маск го направи (после лансирањето на „Фалкон 9“) претставува голем чекор во вселенската техника - тоа мора да се признае. Очигледно е дека многу поевтино да се истражува вселената со помош на технологија која ќе се користи повеќе пати“.
Во август 2017 година, Маск сам ги поминал сите вселенски светски сили по бројот на лансирање ракети - „Спејс Екс“ лансирал 12 ракети, додека Русија лансирала 11, а Кина 8. „Секако, вселенските проекти на Маск се шоу програма, но се важни како полигон за тестирање на новите технологии на човечките можности“, пишува руската „Газета“.
Необични персективи и бизнис успех
Илон Маск знае како да предизвика ефект на воодушевување и да направи шоу. Многу граѓани на Русија, го ценат тоа, особено кога станува збор за новите лансирања.
Маск ги воодушевува Русите и во смисла на бизнисот. „Клучот на неговата популарност е во тоа што тој потекнува од новата генерација, од генерацијата на амбициозни луѓе на кои им тргна од рака нивните мали проекти да растат и од пазарот да ги потиснат големите корпорации од 90-те“, пишува програмерот Иља Љевин.
Фото: Global Look Press
Темната страна на Илон Маск
Од друга страна, многу луѓе се сомневаат во вистнскиот успех на Маск. Тие наведуваат дека компанијата „Тесла“, што произведува електроавтомобили губи - изгубила 10 милијарда долари откако во 2010 година излегла на пазарот. Аналитичарите на весникот „Вол Стрит Џурнал“ велат дека 2018 година ќе биде одлучувачка за „Тесла“, бидејќи оваа година компанијата или ќе започне да остварува профит или ќе банкротира.
Тимофеј Бордачов, политиколог од Москва, во шега го спореди Маск со северно-корејскиот лидер Ким Џонг Ун. „И двајцата лансираат нејасни објекти на небото и околу тоа подигнуваат голема прашина. Тие се вистинските јунаци на нашето време“.
Професионалците во вселенската индустрија се помалку иронични, но се и скептични во однос на некои негови проекти.
Бизнисот пред сè
Повеќето граѓани на Русија сметаат дека за Илон Маск бизнисот е на прво место, што е и клуч на неговиот успех. „Маск е светски шампион во собирање на средства за неговите проекти, тој е крал на иновациите - сè што тој вели поминува без критика и се претвора во огромна инвестиција“, пишува аналитичарот Алексеј Јоњин.
Од друга страна, Јоњин тврди дека Маск направил револуција во
вселенскиот сектор, врз основа на туѓа технологија. Според зборовите на Јоњин тој го променил пристапот, потпирајќи се од сложени на поедноставни и поевтини технологии.
Руска реч