X
 19.03.2019 Живот

Младо момче од Србија го воодушеви светот со неговите неверојатни цртежи

Секој од нас поседува некаков талент. Се разбира, вредната работа се исплаќа, меѓутоа, не може да се негира дека некои луѓе се природно талентирани. Такво чудо од дете е Душан Кртолица од Србија, кој почнал да црта уште на двегодишна возраст.

Децата го гледаат светот на поинаков начин со помош на нивната плодна фантазија. За Кртолица, природата е инспирација. Тој е фасциниран од животните и од природата како целина, па почнал да ги црта на хартија.

Родителите го увидоа неговиот талент кога бил на 4-годишна возраст и затоа го запишале во уметничко училиште. На возраст од 8 години неговите уметнички дела биле изложени во училиштето и привлекле големо внимание.

На 10-годишна возраст Душан се насочил кон луѓето. Неговиот цртеж со витез и луѓе околу него е навистина реалистичен. Ако му дојде инспирација, тој може да нацрта што било.

На 13-годишна возраст Кртолица напишал енциклопедија во која ги изработил и цртежите. Енциклопедијата е за праисторискиот свет и оригинално била објавена на српски јазик, а сега ќе има и превод на англиски јазик.

Дел од неговите цртежи можете да ги погледнете во ГАЛЕРИЈА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот