X
 17.03.2021 Здравје

Хумористично објаснување како функционираат вакцините против коронавирусот

За време на пандемијата речиси сите научивме понекој нов медицински израз и разбравме нешто повеќе за епидемиологијата и имунологијата. Но иако некои работи, како стапки на заразување и соеви се едноставни за разбирање, други изрази поврзани со пандемијата не се толку лесно разбирливи, на пример, начинот на кој функционираат вакцините мРНК (како оние на „Фајзер“).

Научниците велат дека овие вакцини може да ја сменат медицината бидејќи би можеле да се прават и за многу други болести. Меѓутоа, кога ставаме нешто во нашето тело, сакаме да знаеме што е тоа и како функционира. Еден корисник на „Тик-ток“ неодамна го објаснил начинот на кој функционираат ваквите вакцини на хумористичен начин кој може да го разберат и децата.

Вик Кришна покажува што се случува кога вакцината од видот мРНК се инјектира во телото, а потоа покажува и како таа создава антитела кои го штитат лицето од коронавирусот.

@hotvickkrishna

How the mRNA Vaccine 💉 works #fyp #comedy #skit #covid19 #mrna #coronavirus #vaccine #howitworks

♬ original sound - hotvickkrishna


Автор: Ени Рено
Извор: upworthy.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје