X
 18.10.2021 Здравје

Економисти пресметаа колку животи се спасени во САД со вакцините против ковид-19

Во САД досега најмалку 200 милиони жители примиле барем една доза вакцина против ковид-19. Во повеќе клинички испитувања истражувачите ја покажале ефикасноста на вакцините за спречување тешки симптоми и смрт.

Сумеда Гупта, професор по економија, и тим економисти ги истражувале ефектите на вакцинацијата врз пандемијата. Тие сакале да откријат колку животи се спасени благодарение на вакцините против ковид-19 во САД.

Економистите направиле модел за да го измерат влијанието на вакцините до почетокот на мај. Според нивниот модел, до 9 мај 2021 г. ќе имало дополнителни 140.000 смртни случаи во САД ако не беа вакцините.

Поточно, би починале над 700.000 жители на САД до тој датум, во споредба со 570.000 смртни случаи во таа држава.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје