Зеленчукот е здрав извор на хранливи материи и содржи малку калории, а попат има многу витамини и минерали кои се неопходни за здравје. Но, како и секоја храна постојат милиони начини како да се јаде: сурова, на пареа, печена, или пржена.
Фото: Freepik
Некои велат дека со обработката зеленчукот ги губи хранливите материи. Дали е ова точно? Зависи од видот на зеленчук и методот на обработка. Веднаш штом е тргнато од стеблото тој веќе губи од хранливата вредност. Витаминот Ц е особено чувствителен на обработка затоа што е растворлив во водаи нестабилен во средина богата со кислород. Кога се готви зеленчук што содржи витамин Ц тој се исцедува во водата и загубата изнесува од 15% до 55% во зависност од видот на обработка.
Дали треба да јадеме зеленчук само во свежа форма?
Било која форма разградува дел од витамините (Ц, како и многу Б витамини). За морковот пак е сосема спротивно. Многу студии покажале дека со со варење им се зголемува бројот на каротеноиди. Кога се готват на пареа се намалува количината на витамин Ц, а се зголемува количината на фенолни киселини, еден вид на антиоксиданси. Готвењето во микробранова пак, повеќе го зачувува витаминот Ц од било која метода на готвење.
Најлесен начин да си гарантирате дека сте ги добиле хранливите материи кои Ви се потребни е да јадете широк спектар на зеленчуци, и сурови и зготвени на различни начини. Ако повеќе Ви се допаѓа вкусот на сурови моркови сосема е во ред така да ги консумирате. Подобро е да консумирате таква храна, а со помалку
хранливи вредности, отколку да не консумирате таква храна.